148
Полицијата добила повик од девојката на Гигс која го обвинила поранешниот фудбалер за физички напад. Велшанецот бил некое време во притвор, тој ги негирал обвинувањата и ветил дека ќе соработува со полицијата во текот на целата истрага по што бил пуштен.
Тој во моментов е селектор на Велс, Фудбалската федерација од оваа земја го откажа пресот кој требаше да се случи денеска на кој Гигс требаше да го објави составот за престојните мечеви.
Ова на Гигс не му е прв скандал, најголемиот се случи одамна кога имаше афера со сопругата на неговиот брат.