Гигс се потсети на редарот кој го однел од Манчестер Сити во Манчестер јунајтед: До 30 години ми даваше една фунта за секој гол!

by
1 минути читање

Рајан Гигс е
легенда на Манчестер јунајтед, но неговите почетоци се во лутиот градски ривал
Манчестер Сити. Виновник за ова е Херолд Вуд, кој работел како редар. Тој го
приметил талентот на Велшанецот па тропнал на вратата на Сер Алекс Фергусон.

Шкотот веднаш
реагирал, го ангажирал Рајан Гигс како 14 годишно момче во 1987 година и
останатото е историја.

Легендата на „ѓаволите“
сега се потсети на овој човек и откри интересна приказна, за секој гол добивал
по една фунта. Се почнало кога бил младинец, но Херолд Вуд продолжи со
мотивацијата и кога Рајан Гигс бил етаблиран како ѕвезда и имал 30 години.

„Отсекогаш сум
бил фан на Манчестер јунајтед, играв за Манчестер Сити бидејќи тренерот на
мојот локален тим беше скаут на Манчестер Сити.
Фергусон слушна за мене од редар кој доаѓаше
да не гледа. Се работеше за Херолд Вуд, кој за жал почина пред две недели. Беше
одлично типче, често ме гледаше и еден ден решил да тропне на вратата на
тренерот, „Слушај, на соседниот терен има едно дете, игра за Сити а е фан на Јунајтед,
мораш да го погледнеш“. Работеше како редар и на Олд Трафорд и на Клиф. Ми
даваше една фунта за секој постигнат гол. Почна да го прави тоа кога бев дете,
но продолжи и кога имав 19-20 години“
– раскажува Велшанецот.

„Му реков, „Херолд,
нема потреба“ но тој не отстапи, „Повеле, ја заслужи оваа фунта“. Ми даваше
една фунта и кога имав 30 години. Беше неверојатен лик“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×