Гигс привремено нема да го води Велс поради инцидентот со девојката

by
1 минути читање

Неколку извори од
„островото“ денеска пренесоа дека Рајан Гигс завршил во притвор поради физички
напад на неговата девојка.

Легендата на
Манчестер јунајтед ги негираше обвинувањата, но и покрај тоа реши привремено да
се повлече од селекторското столче на Велс.

На следните три
натпревари, пријателскиот дуел со САД и пресметките со Ирска и Финска во Лигата
на Нации, помошниот Роберт Пејџ ќе биде задолжен за сениорскиот тим на
„змејовите“.

Денеска требаше
да биде објавен списокот на играчи, но поради последните случувања, во четврток
ќе се знае кои играчи ќе добијат повик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани