76
Луј ван Гал, кој важи за тренер со чуден карактер, во 2014 седна на жешкото столче на Олд Трафорд. Рајан Гигс му беше асистент и легендата на „ѓаволите“ веднаш на своја кожа го искусил ова.
„Ван Гал е многу поразличен, сака да доминира. На првата средба, ми удри бокс во стомак“ – открива Велшанецот во разговор со Џејми Карагер.
„Се сретнавме во хотелот, ја отвори вратата, ме измери од глава до пети и ми рече, „во добра форма си“. Потоа ми удри бокс во стомак. Не знаев што да правам. Можев да му вратам… но сигурно ќе останев без работа“.
„Но не е лош човек, се грижеше за луѓето од персоналот и играчите, беше добра личност, само малку ексцентрична“.