Гигантите можат да го купат Собослаи за џабе, ама трба да побрзаат поради уникатна клаузула

by
1 минути читање

Во пресрет на
зимскиот преоден рок, името на Доминик Собослаи често е дел од трансфер
шпекулациите. Офанзивниот фудбалер од средниот ред важи за еден од
најперспективните играчи, па е во бележникот на многу гиганти ширум Европа.

Реал Мадрид, Арсенал
и РБ Лајпциг се клубовите кои најчесто се споменуваат и можат да го добијат за џабе ако се земат во предвид трансфер сумите што се плаќаат во последните години.

Унгарецот може да си оди за 25 милиони евра, сепак, мора да се
реагира веднаш поради тоа што оваа клаузула е уникатна.

Доминик Собослаи до 15.
декември треба да го извести раководството на РБ Салцбург дека заминува, а
потоа до 31. декември да пристигне формална понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×