Герсон Родригез пристигна во Скопје, наскоро става потпис на договор со Вардар!

by riste
0 минути читање

Напаѓачот кој треба да потпише за Вардар, Герсон Родригез пристигна во Скопје за да го комплетира трансферот во македонскиот шампион.

Родригез утре треба да ги мине медицинските тестови и тестовите за психофизичка подготовка, по што ќе стави потпис на договор со Вардар.

Се работи за 30-годишен фудбалер роден во Португалија, израснат во Франција кој е најдобар стрелец на репрезентацијата на Луксембург.

Потекнува од школата на Мец, од поголемите клубови настапувал за Динамо Киев, Троја, Сиваспор, Слован Братислава…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×