Германија испрати предупредување пред ЕП, настрада Летонија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Германија дојде
до убедлива победа од 7-1 против Летонија како последно загревање пред самиот
старт на Европското првенство, а уште на полувремето од синоќешната контролка
фаворитот имаше предност од 5-0.

Госенс, Гундоган,
Милер, Гнабри, Вернер и Сане се запишаа во листата на стрелците за „Панцирите“,
Озолс си постигна автогол, а единствениот гол за Летонците го постигна
Савелјевс.

Германија е во мошне
атрактивна група на Европското првенство, каде првата пречка од фазата на
турнирот треба да ја помине преку Франција, Португалија и Унгарија. Првиот меч
„Панцирите“ го играат против светскиот првак Франција на 15 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×