Германците се во шок, Гундоган не може да го објасни поразот

by
1 минути читање

Изјавата на капитенот на Германија, Гундоган доволно говори за тоа каков шок за нив е поразот од Македонија.

„Ваков пораз не требаше да ни се случи. Ова не може да се објасни, ова не е тоа што сакаме бидеме. Сите треба да ја кренеме формата до крајот на мај“, вели Гундоган.

Разочаран е и селекторот Јоаким Лев за кого ова беше последен квалификациски меч како селектор на Германија бидејќи по ЕП заминува од функцијата.

„Јасно е дека сме разочарани. Изгледавме уморно, правевме грешки и бавно напаѓавме. Нашите противници беа длабоко поставени, се мачевме да ги скршиме“, изјави Лев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани