„АС“ извести и дека
ситуацијата во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“ не е за пофалба, а посочи
дека првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо не е во добри односи со
тренерот Ралф Рангник, а се верува дека Португалецот смета дека Рангник нема
капацитет да ја предводи таа екипа.
Поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил јавно се одзва по последните
случувања на „Олд Трафорд“, а тврди дека знае кој е „кртот“ во таа екипа кој
лиферува информации до медиумите.
„Се сеќавам кога
се приклучив на „Скај Спортс“ и ја имавме Лигата на шампионите, конкретно, ќе
го споменам мечот помеѓу Челси и Наполи, во периодот кога Андре Вилаш-Боаш беше
тренер, а ги изостави Френк Лампард, Мишел Есиен, Ешли Кол… Пет или четири
ѕвезди на тимот“ рече Невил.
„Се сеќавам како
седев во тие моменти на појадокот со нашиот тим, а тие веќе почнаа да добиваат
пораки за тоа како одредени вести од тимот веќе се познати на јавноста, а
тренерот беше зачуден, јас се запрашав дали ова навистина се случува…“ додава
тој.
„Агентите на
фудбалерите, како и ПР тимовите постојано ги брифираат медиумите за тоа што се
случува одвнатре во клубовите, а тоа беше прв пат лично да видам со свои очи
тоа да се случува, навистина ме иритираше, токму тоа се случува во моментов во
Манчестер јунајтед“ наведува Невил.
„Реалноста е дека
сето тоа нам не ни се допаѓа, но точно знаеме кој е, јас во сево ова не гледам
ништо смешно во тоа што Рангник го опишуваат како број два во тимот, тоа е
одвратно“ заклучи поранешниот член на „Црвените ѓаволи“.