Георгиевски им се приклучи на Миовски и Ерера во МТК Будимпешта

by
1 минути читање

Довчерашниот
фудбалер на Работнички, Христијан Георгиевски потпиша за унгарски МТК
Будимпешта, за што потврдија и од тој клуб,
претставувајќи го како голем талент од нашата земја.

Георгиевски веќе
имаше тест-меч за МТК Будимпешта, а како што известуваат од клубот, нашиот
фудбалер прикажал одлични перформанси во победата против Чеглед, а ќе може да
почне со настапи за сениорите во април кога ќе наполни 18 години, дотогаш ќе
продолжи во тимот за фудбалери до 19 години.

Освен 21
годишниот Бојан Миовски и Георгиевски, во редовите на моментално
третопласираната екипа во најсилниот фудбалски шампионат на Унгарија се наоѓа и
поранешниот член на Работнички, 25 годишниот Колумбиец Себастијан Ерера, кој
воедно има и македонски пасош.

Младинскиот репрезентативец Миовски исто така беше дел од Работнички, а потекнува од школата на штипска Брегалница, во унгарскиот клуб се пресели од редовите на Ренова ланската година, во ист период со Ерера кој пак си замина од составот на „Романтичарите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани