Генерална проба пред ПСЖ, Барса со пет гола во мрежата на Селта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Барса во среда
ќе и треба чудо за да ја надополни негативата од четири гола против ПСЖ, но
избраниците на Луис Енрике можат да бидат оптимисти, откако вечерва генералната
проба против Селта ја добија со 5-0.

Лео Меси го
отвори резултатот во 24. минута со прекрасен гол по еден соло пробив.

На пауза Барса
замина со 2-0 откако Нејмар елегантно го лобуваше голманот на Селта во 40.
минута.

Ракитиќ погоди за
3-0 во 57. минута, Умтити се запиша во листата на стрелците по еден час игра, а
Меси со својот втор гол стави точка на натпреварот во 64. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани