„Газета дело Спорт“ тврди: Несторовски и дефинитивно се враќа во Серија А

by
1 минути читање

Откако Федералното
собрание при Фудбалската федерација на Италија и официјално донесе одлука
Палермо да биде исфрлен од Серија Б и да биде префрлен во Серија Д, стана и
повеќе од јасно дека Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе си заминат од
Сицилија.

За Трајковски
извесен период се споменува Спортинг Лисабон кој сака македонскиот
репрезентативец да го наследи Бруно Фернандеш во тој состав, откако
Португалецот е пред трансфер во Манчестер јунајтед, а денеска „Газета дело
Спорт“ најави дека Несторовски е пред портите на Удинезе.

„Удинезе: Де Пол се поздрави, Несторовски доаѓа“
пишува италијанскиот весник во својот наслов, јасно е дека Родриго Де Пол ќе си замине од редовите на калчолигашот, Аргентинецот е јасен во својата намера откако
истакна дека сака да направи чекор напред во својата кариера и да биде дел од
Лигата на шампионите, од друга страна пак, се отвора вратата за Несторовски, а весникот тврди дека договор веќе постои помеѓу обете страни.

„Нестор доаѓа –
Вчерашната одлука за Палермо да биде исфрлен од Серија Б, го префрла клубот во
понизок ранг, поточно во Серија Д. Постои договор помеѓу Несторовски и Удинезе,
а наскоро Македонецот ќе биде ослободен од обврските со Палермо, очекувањата се
напаѓачот да се раздели со клубот од Сицилија пред крајот на преодниот рок
“
додава „Газета дело Спорт“.

29 годишниот
Прилепчанец три години е дел од тимот на Палермо, по испаѓањето од Серија А,
веќе две сезони тимот од Сицилија имаше неуспешни обиди за враќање во елитното
друштво, а тоа дополнително ги подгреваше шпекулациите за заминување на
Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×