Газета дело Спорт: Спалети од Елмас го создава новиот Хамшик

by
1 минути читање

Елиф Елмас е во
фокусот на италијанската јавност откако во неделата го реши дербити помеѓу
Милан и Наполи и донесе три бода за својот тим со голот на Сан Сиро.

Во својата
анализа, Газета дело Спорт вели дека Лучано Спалети од Македонецот полека го
создава новиот Марек Хамшик.

„Елмас заслужува
да му се обрне посебно внимание, Македонецот ги одигра сите 24 натпревари до овој
момент, 12 како стартер, 12 од клупата за резерви. На Сплаети му се допаѓа како
22 годишното момче има чувство за гол. Тој одлично се снаоѓа на сите позици во
средниот ред, Сплаети полека го креира новиот Хамшик. Македонецот на секој
натпревар остава свој траг и стана вториот најдобар стрелец во тимот зад
Осимен. И головите му се распределени на следниов начин: два со глава, два со
десна нога и два со лева нога. Ова е демонстрација колку добро тој се снаоѓа“

пишува Газете дело Спорт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×