Газдите на Њукасл го купуваат Интер за една милијарда долари

by
1 минути читање

Медиумот тврди дека договорот е веќе постигнат, во наредните неколку денови треба да биде средена и документацијата по што Интер ќе добие нов сопственик.

Зделката ќе чини една милијарда долари, или 884.109 евра.

Актуелните сопственици на Интер, „Санинг“ веќе извесно време бараа купувач на клубот поради долговите кои ги има клубот.

Доколку навистина се случи оваа купопродажба, се очекува новите сопственици на Интер да вложат сериозни пари во клубот.

Тие го купија Њукасл, го купуваат Интер, но се вели дека се во преговори и за преземање на Олимпик Марсеј, како и клуб од Бразил чие име засега е непознато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×