Газдата на Лидс му нудел бонус од 20 милиони на Конте за промоција во Премиерлигата

by
1 минути читање

Сопственикот на
Лидс, Андреа Радризани открива дека се обидел да го договори Антонио Конте за
тренер на клубот од „Еланд Роуд“, а тоа се случило пред да биде назначен
Марсело Биелса, меѓутоа се обидел и да го доведе напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

Чемпионшип
дивизијата во Англија е натпреварување каде тренер од светска класа може да ја
направи сета разлика во светот, јас прво се обидов да го договорам Антонио
Конте, и тоа го сторив со бонус вреден 20 милиони за промоција во Премиерлигата

вели Италијанецот чија приказна со Лидс е доста успешна сезонава во
Премиерлигата, каде тимот од „Еланд Роуд“ во моментов е на комотното девето
место на табелата.

Кога ќе влезете
во Премиерлигата добивате 200 милиони бонус за самата промоција, со тоа, јас
можев да си го дозволам тоа, меѓутоа тој имаше повисоки амбиции, а од денешен
аспект се потврди дека тој беше во право што на крајот го одбра Интер
“ додаде
Радризани алудирајќи на фактот што „Нероаѕурите“ се близу до шампионската
титула на Италија, а во план бил да го ангажира и Златан Ибрахимовиќ.

Се обидов да го
ангажирам Ибрахимовиќ, тоа го сторив во јануари, тој беше многу искрен и мошне
внимателен, беше свесен за тоа дека англискиот фудбал можеби не бил бил
најдобрата опција во оваа фаза од неговата кариера, станува збор за еден
неверојатен фудбалер
“  нагласи Радризани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×