Газда Ѕампарини провоцира: Да го продадам Несторовски? Против Бари покажавме дека можеме без него

by
1 минути читање

Палермо летоска
одби неколку богати понуди за да го задржи Македонецот, последната вредна 15
милиони евра.

Минатиот месец
клубот од „Сицилија“ го награди Илија Несторовски со нов побогат договор со
трајност до 2021, но напаѓачот и понатаму е цел на неколку големи клубови од
Италија.

Се говори дека
Торино сака да го купи „Нестогол“ во јануари, а според денешното издание на
Газета дело Спорт, и Фиорентина е во трката за потписот на голгетерот.

„Донесов тројца
играч од кои двајца офанзивни за да му помогнат. Но на последниот натпревар
победивме без него, па секакви мисли ми поминуваат низ глава
– вели газда Ѕампарини за розевиот весник со насмевка
на лицето.

Оние кои го
познаваат контроверзниот сопственик на Палермо велат дека оваа шега е провокација
која отвора неколку прашања. Можеби Ѕампарини е привлечен од можноста да
направи пари во време кога клубот се соочува со финасиски потешкотии, па е
подготвен да се предомисли и да му дозволи на Илија Несторовски да замине во
зимскиот преоден рок.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани