103
Со 17 години и 62 дена, Гави стана најмладиот фудбалер кој дебитирал за шпанската репрезентација.
Тој го сруши рекордот на Анхел Зубиета од 1936 година, тој дебитираше со 17 години и 284 дена.
Луис Енрике на Гави му даде шанса од стартот на мечот, а младиот фудбалер максимално ја искористи, одигра 84 минути и беше еден од најдобрите на теренот.
Претходно Педри стана најмладиот шпански игрч кој настапил на Европско првенство. Па може да се каже дека Барселона има светла иднина со овие двајца младинци кои треба да станат носечки играчи во каталонскиот тим.