Гави е вистинско
откритие оваа сезона, светот за него слушна кога сосема неочекувано доби повик
од Луис Енрике за завршницата од Лигата на нации, и со својот настап во
победата над Италија во полуфиналето, со 17 години и 62 дена стана најмладиот
фудбалер кој дебитирал за шпанската репрезентација.
Изминатиов
викенд, Гави постигна прекрасен гол против Елче и стана третиот најмлад стрелец
во историјата на Барселона и уште еднаш покажа дека станува збор за вонсериски
талент.
Како што
пренесуваат медиумите од Шпанија, младата ѕвезда игра за ситни пари и има
годишна плата од само 100.000 евра. „Каталонците“ се свесни дека оваа сума не
соодветствува со статусот на Гави па напорно работат на обнова на договорот и се
водат преговори за нова соработка и плата помеѓу 1,5 и 2 милиони евра.
Во новиот договор
ќе биде корегирана и откупната клаузула, која сега е поставена на 50 милиони
евра, сума која лесно може да бидае платена од останатите гиганти.