Гатузо за неисплатените плати: Заработуваме многу, заштитени сме, мразам кога некој бара алиби!

by
1 минути читање

По поразот од
Милан, медиумите пишуваа за тензија во соблекувалната и расправија помеѓу Џенаро
Гатузо и фудбалерите. Од таборот на Наполи го демантираа ова, но медиумите
продолжија да пишуваат дека атмосферата во клубот не е добра, кај одреди
фудбалери има загриженост бидејќи се уште не е поделена плата за сезоната
2020/21.

„Во мојот тим,
фудбалерите треба да мислат само на работа. Имаме потпишано важни договори со
огромни суми и сме заштитени. Во моментов не треба да мислиме на ова, оние кои
бараат алиби не можат да останат со мене. Најлесно е платата да ја понудиме како оправдување. Работам 300 на час и сакам луѓето
околку мене да имаат иста пасија“
– вели Џенаро Гатузо.

„Играме добар,
потребна ни е само малку пакост во играта. Доколку некои луѓе мислеа
дека ќе
освоиме 130 бодови и никогаш нема да загубиме, добро се излажале. Знам дека
можеме подобро, но ми се допаѓа како ја започнавме сезоната“.

За наводната
расправија во соблекувалната по поразот од Милан, тој додава: „Нема вистина во
написите. Разговарав со тимот, никогаш не сум се расправал со нив. Гледам
посветеност, чувство на припадност, но тоа не е доволно, барам повеќе“.

„Пресудно е како
ги читаме натпреварите. Не можете да играте добро 90 минути, има моменти кога
морате да ставите кацига на главата и да одиграте малку поразлично да го одбраните тоа
што е ваше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×