Многу емоции за
Џенаро Гатузо на ре-стартот од сезоната во Калчото, кога имаше минута молк пред
почетокот на натпреварот помеѓу Наполи и Иинтер, популарниот Рино со насолзени
очи испрати бакнеж кон небото.
Гестот беше за
неговата сестра Франческа, која по кратко боледување почина на почетокот од овој
месец. Тренерот на Наполи исто така реши да и го посвети и пласманот во
финалето од Купот на Италија.
„Сакам да му се
заблагодарам на целиот фудбалски свет за поддршката. Беше тешко. Финалето го
посветувам на моето семејство, родителите и мојата сестра. Сите ја сакаваме
многу, ќе ни недостига многу“ – вели Гатузо.
За мечот против
Интер, кој почна со голем кикс на Оспина и гол од корнер по 120 секунди,
стратегот вели: „Примивме луд гол, но не беше грешка на Оспина. Погрешно се
позициониравме за корнерот“.
„Ние сме тим со
многу квалитет. Се обидовме да бидеме агресивни да притискаме, но се уште треба
да поработиме на ова, да ги усовршиме движењата. Момците веруваат во она што го
работиме, работат напорно и го даваат максимумот“.