Гатузо сепак ќе остане тренер на Наполи?

by
1 минути читање

Гатузо требаше да добие нов договор од Наполи, но тогаш почна лоша серија на резултати по што Де Лаурентис се предомисли и ја повлече одлуката.

Тогаш се шпекулираше дека само прашање на време е кога Гатузо ќе добие отказ, дали во текот на сезоната или по нејзиното завршување.

Во меѓувреме Наполи повторно влезе во добра форма, сега се наоѓа на позициите кои водат во Лигата на шампионите, па „Ил Матино“ тврди дека големи се шпансите Гатузо да остане тренер на Наполи.

Се чини дека клучно ќе биде дали Наполи ќе се пласира во Лигата на шампионите, ако успее да биде во топ четири на крајот од сезоната, тогаш Гатузо ќе остане, во спротивно ќе има тренерска смена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×