Наполи на полувремето губеше со 1-0, Џенаро Гатузо во вториот дел во игра ги внесе Лозано и Петања и токму тие двајца ги постигнаа головите за три бода.
Кога Петања го постигна голот отиде кај Гатузо и го прослави во негова прегратка. Претходно и други играчи на Наполи го имаат направено истото.
На пресот по мeчот, новинарите го запрашаа Гатузо дали тоа значи дека играчите го сакаат?
„Мислам дека понекогаш ме сакаат, а понекогаш веројатно првото нешто што ќе го направат наутро е вадат моја слика и ја плукаат“, одговори Гатузо.
„И јас бев играч, не се навредувам и не држам литина, мислам дека тоа го ценат фудбалерите. Не ги лажам, не се воздржувам, им ја кажувам вистината“.
„Фабијан Руиз беше разочаран денес и му реков да крене глава, тоа е само еден натпревар, ќе добие шанса да надомести. Замислете колку лоши натпревари сум одиграл јас како фудбалер“.