170
Симоне Инзаги се
уште не потпиша нов договор за продолжување на соработката со Лацио, а во
Италија шпекулираат дека клубот од Рим како опции за негов наследник ги има
Џенаро Гатузо и Сержо Консенсао.
Гатузо со Наполи
води тешка битка во самата завршница од сезоната за да избори место во Лигата
на шампионите за идната сезона, а неговата иднина во клубот од Неапол од
поодамна е неизвесна.
Што се однесува
пак до Консенсао, тој од порано се поврзуваше со клупата на Лацио, тој моментално
е предводник од клупата на Порто, меѓутоа неговиот актуелен договор со
португалскиот клуб истекува на крајот од јуни.