Ибрахимовиќ и Гатузо беа соиграчи во Милан од 2010 до 2012, во 2011 заедно го освоија последното Скудето на росонерите.
Синоќа Ибрахимовиќ имаше фантастична партија против Гатузо, беше главен во победата на Милан над Наполи.
„Милан верува во Ибра, тие комплетно веруваат во тоа што го прават. Ми изгледа како тој да е посилен отколку што беше пред 10-12 години“, вели Гатузо.
„Соиграчите центрираат во шеснаесетникот верувајќи дека тој ќе ја фати топката и ќе даде гол. За разлика од нас кои креиравме многу шанси, но не верувавме во нив. Фудбалот е во менталитетот“.
Ибрахимовиќ поради болки во бутниот мускул го напушти порано теренот, во текот на денешниот ден се очекува информација за тежината на повредата.