Гатузо два дена по разделбата со Наполи си најде нова работа

by
0 минути читање

Џенаро Гатузо е нов тренер на Фиорентина, 43 годишниот стратег и „виолетовите“ договориле двегодишна соработка. Популарниот Рино не чекаше многу и откако утрово се збогува со Наполи, попладнево пристигна потврда за неговата нова авантура.

Веста ја соопшти првиот човек на клубот, Роко Комисо кој на социјалните мрежи напиша: „Џенаро Гатузо е новиот тренер на Фиорентина“.

Потоа следуваше и објава на Фиорентина: „Добредојде Рино Гатузо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×