Аталанта водеше 2-0 по првото полувреме на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед го сврте резултатот и победи со 3-2. Утре на програмата е дуелот во Италија.
„Знаме дека од последните три меча ни требаат шест бодови, па утрешниот натпревар за нас е важен, но не е одлучувачки“, вели тренерот на Аталанта, Гасперини.
Аталанта во изминатите сезони од Лигата на шампионите играше и со Манчестер Сити и Ливерпул, па Гасперини направи споредба на трите англиски клубови.
„Кога се сретнавме со Ливерпул и Манчестер Сити, тие беа во нивниот пик. Беа организирани, солидни и имаа јасен идентитет. Според дмене, Јунајтед е тим кој личи како уште да е во изработка. Како и да е, тие имаат голем потенцијал, не се константни, но и покрај тоа се многу силен тим“.
На Гасперини му е жал што Роналдо веќе не игра во Италија.
„Роналдо е исклучителен фудбалер, сите го знаат тоа. Тој игра одлично во Манчестер јунајтед и даде многу за Серија А. Лично, жал ми е што се врати во Англија бидејќи секогаш сакам со најдобрите фудбалери да се соочувам во Италија“.