Гасперини и Гомез не само што се скарале, туку имало и физичка пресметка

by
1 минути читање

Конфликтот меѓу двајцата започнал поради тоа што на Гомез не му се допаднале тактичките промени кои ги направил Гасперини.

На почетокот на октомври кога Гомез по три години се врати во репрезентацијата на Аргентина, Гасперини беше загрижен како капитенот ќе ја менаџира физичката подготвеност. Бидејќи во тој период Аталанта имаше натпревар на секои три дена.

Во изминатите 40 дена Гомез двапати патуваше со националниот тим и Гасперини сметаше дека долгите летови и промената на тренинг рутините ќе влијае на него.

„Газета дело Спорт“ тврди дека поради тоа Гасперини се решил да направи тактички промени, да го стави Гомез понапред до противнчкиот гол, но со помалку слобода на теренот, со тоа сакал да му заштеди енергија.

Гомез ги одбил наредбите на тренерот и во првиот дел од дуелот со Митјиланд не одиграл според планот по што настанал дуел меѓу нив двајца во соблекувалната.

Според италијанскиот весник, дуелот не бил само вербален, туку се случила и физичка пресметка по која Гомез остана во соблекувалната.

Односот меѓу двајцата се уште не е поправен, се шпекулира дека Папу Гомез ќе биде продаден во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×