Гарначо удри по Аморим: Играв цела сезона, а во финалето само 20 минути!

by riste
1 минути читање

Неизвесна е иднината на Алехандро Гарначо во Манчестер Јунајтед, аргентинскиот фудбалер јавно проговори против одлуката на Рубен Аморим да го стави на клупата за резерви.

Гарначо беше еден од најредовните играчи во текот на сезоната, но Аморим одлучи во финалето да игра со Мејсон Маунт, а Гарначо да го остави на клупата.

„Тешко е за сите нас. Сезоната беше тотално срање. Загубивме финале во Лига Европа, не победивме никој во Премиер лигата, многу лошо да бидам искрен“, вели Гарначо.

„До финалето, играв постојано помагајќи му на тимот, потоа дојде финалето и јас играв само 20 минути! Не можам да сфатам“.

„Мојата иднина? Ќе се потрудам после сето ова да уживам во летото, а потоа ќе видиме што ќе се случи“.

И Рубен Аморим беше прашан дали беше грешка што одлучи да почне со Маунт, а не со Гарначо.

„Сега е лесно да се каже тоа. Кој ја промаши таа голема шанса во првото полувреме од полуфиналето? Гарначо. Тоа е фудбалот“, рече Аморим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани