Берлускони и Галијани за кратко време ја лансираа Монца до своето прво учество во Серија А, а сега се создава тимот кој треба да избори опстанок во елитното друштво.
Поради славното минато со Милан, Берлускони и Галијани имаат моќ да привлекуваат атрактивни играчи и во Монца.
Со клубот се поврзуваа неколку напаѓачи, последен на листата е Пинамонти кој е фудбалер на Интер, но минатата сезона ја помина на позајмица во Емполи и беше одличен постигнувајќи 13 голови. Претходно се поврзуваше и Икарди, па Кавани, Суарез, се споменуваше и враќање на Балотели…
Галијани потврди дека ќе има нови напаѓачи, но не сакаше да открие со кои се преговара.
„Сигурно ќе дојде напаѓач, можеби двајца, но не можам да кажам кој. За луѓето кои се инволвирани во трансфер договорите најдобро е да останеме тивки околу тоа“, вели Адриано Галијани.