128
Синоќа на полноќ заврши преодниот рок во Турција, а последно засилување на актуелниот шампион, Галатасарај е Роланд Шалај од Фрајбург.
Се пишуваше дека Галатасарај го посакува Елиф Елмас, имало и конкретен обид за реализација на една ваква зделка, но не се случи.
Сепак, претставниците на Галата од Германија не си заминаа со празни раце. Тие го ангажираа унгарскиот репрезентативец Роланд Шалај од Фрајбург.
Вредноста на Шалај е 15 милиони евра, но Галата успеа да го договори за 6 милиони евра и тоа на четири рати.
Фрајбург се најде во неповолна позиција за преговори бидејќи договорот на Шалај истекуваше идното лето, па Галатасарај беше последниот воз за продажба.