Гачевски: Нека се случуваат убави работи и да не се собираме за вакви настани

by bojan
1 минути читање

Голманот на Вардар, Филип Гачевски изрази благодарност за организацијата на хуманитарниот натпревар против Црвена Звезда и изрази сочувство до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Филип Гачевски по подолго време се најде на голот на Вардар, чуварот на мрежата го започна хуманитарниот натпревар против Црвена Звезда на „Тодор Проески“.

„Сакам да изразам сочувство од нашиот клуб до семејствата за настраданите во Кочани, знаеме дека за нас како нација ова беше една голема трагедија и сакам да оддадам голема благодарност за организацијата на овој настан и за навивачите што присуствуваа. Нека не се случи повторно таков настан, нека се случуваат убави работи и да не собираме за вакви настани. Вардар е најголем клуб и заслужува да игра поголеми натпревари“ – вели Филип Гачевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани