Фудбалскиот клуб Вардар седми пат во историјата го освои трофејот во Купот на Македонија, откако во финалниот натпревар на „Тодор Проески“ го совлада тимот на Струга со 2-0.
Славјето на вардарци продолжи до доцна во ноќта, а утрово се појави фотографија која открива каде заврши Куп-трофејот. Капитенот на „црвено-црните“ Филип Гачевски инспириран од големите светски ѕвезди си легна со трофејот и порача:
„2015 – Суперкуп на Македонија
2015/16 – Шампион на Македонија
2016/17 – Шампион на Македонија
2019/20 – Шампион на Македонија
2017 – Групна фаза на Лига Европа
2023 – Промоција преку бараж во Прва лига
2024/25 – Куп на Македонија
2014/15 – Рекорд без примен гол во Македонија (912 минути)
2015 – Играч на годината во македонската лига
2019 – Рекорд на натпревари без примен гол (19 натпревари)
Ајде сега добра ноќ“, напиша Гачевски на објавата.
Во минатото вакви потези правеа повеќе фудбалери, а најславни се фотографиите на Лео Меси со трофејот од Светското првенство, како и онаа на Роберт Левандовски кога со Баерн Минхен ги освои сите трофеи.