Фудбалско уживање: Две „класика“ за четири дена

by
1 минути читање

Полуфиналето на Камп Ноу заврши нерешено 1-1, сега претставата се префрла на Сантијаго Бернабеу.

На прес конференцијата на Реал Мадрид, во фокусот на прашањата беше и Герет Бејл кој на мечот со Леванте изгледаше нервозен, одби да го прослави голот кој го даде.

„Некои работи кои остануваат во соблекувалната остануваат приватни. Знам дека сите сакаат да се фокусираат на нешто, и вие се фокусирате на тоа што мислите дека е важно. Но нашиот фокус е само на тоа што ние мислиме дека е важно. Тоа е натпреварот, да победиме, да бидеме обединети. Каде е фокусот на другите, тоа зависи од нив“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Солари.

Барселона мора да даде гол бидејќи и во шпанскиот куп важи правилото гол во гости, па резултат од 0-0 му одговара на Реал Мадрид.

„Доколку не дадеме гол, немаме шанси. Мора да постигнеме гол. Треба да мислиме и на одбраната, но ќе излеземе за да нападнеме. Не е нормално да се одиграат два толку големи меча во една недела. Но се случува. Нашата намера е да ги одвоиме двата дуели и да се фокусираме прво на тој што е пред нас. Тој во сабота е се уште далеку“, вели тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Денешниот меч ќе биде 40. класико за Лео Меси кој е најдобриот стрелец во историјата на овие дуели со 26 погодоци.

Денешниот Ел Класико меч почнува од 21 часот, следниот е во сабота во рамките на Примера, исто така се игра на Бернабеу, овој пат со почеток од 20:45.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани