Премиерлигашите
денеска имаа состанок со челниците на лигата на кој се разговараше околу
потенцијалната можност за пауза поради хаосот кој настана изминатиов период со
ковид-19, кој придонесе за одложување на натпревари.
Новата варијанта
на вирусот, „Омикрон“ придонесе за рекорден број заразени во лигата од самото
тестирање кое почна да се применува лани, меѓутоа донесена е конечна одлука да
нема пауза во фудбалскиот фестивал на натпревари кој претстои за божиќ.
Англиската
фудбалска асоцијација воедно донесе и одлука за ФА купот да се игра со по еден
натпревар без реванш доколку биде нерешено на првата пресметка, што отвори
можност за одигрување на оние заостанати натпревари токму во таа седмица.
Како и да е, на Островот
известуваат дека Премиерлигашите одново ќе дискутираат околу предизвиците со
кои се соочуваат за две седмици, а на нив од страна на челниците на лигата им е
повторно укажана потребата да користат младинци во своите состави за да ги
пополнат испразнетите дупки во своите ростери поради евентуални заразени.