Фудбалот во Украина е прекинат, странските играчи бараат начин како да заминат од земјата

by
1 минути читање

Денешниот напад на Русија над Украина кој го означи почетокот на војната меѓу овие две земји, значеше и стопирање на сите спортски активности таму.

„Поради воведување на вонредна состојба во Украина, фудбалското првенство е прекинато“, стои во краткото соопштение.

Во Украина е нашиот Ѓоко Зајков кој како и останатите странски фудбалери чека да се создадат услови за некако да ја напушти земјата.

Бразилските фудбалери на Шахтар и Динамо Киев со своите фамилии се собрани на едно место и бараат од својата земја да најде начин како да ги извади од Украина.

По 18 одиграни кола прв е Шахтар со 47 бодови, втор е Динамо Киев со 45, но се чини дека оваа сезона нема да биде доиграна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×