194
На почетокот од
месецов, Диего Марадона беше примен во болница поради анемија, дехидрираност и
знаци на депресија. Сепак, деталните тестови покажаа посериозен проблем,
односно хематом во мозокот, па тој беше итно опериран.
Интервенциата
помина успешно, по што тој во добра состојба беше пуштен на домашна рехабилитација. Сепак, Диего Марадона не го преживеа постоперативниот период.
Како
што пренесуваат медиумите од Аргентина, утрово тој доживеал срцев удар во својот
дом, неколку амбулантни возила пристигнале да му понудат помош но докторите не можеле да
го спасат.
Аргентина и
светот на фудбалот сега тагуваат, останаа без една од најголемите икони.