Фудбалот остана без еден од најмоќните агенти, почина Мино Рајола!

by
1 минути читање

Фудбалот остана
без еден од најмоќните агенти, голем број на извори од Италија пренесуваат дека
починал Мино Рајола.

На почетокот од
годинава беше објавено дека Италијанецот е примен во болница и сместен на интензивна нега,
но потоа малку се пишуваше за неговата здравствена состојба и се очекуваше летово
тој да биде еден од главните актери на трансфер пазарот.

Мино Рајола е
роден во Италија, но како мал со семејството се преселил во Холандија и во
ресторанот на својот татко почнал да го пече занаетот. Од „мајстор за пица“ како
што во една прилика ќе го нарече Синиша Михајловиќ, тој станува еден од
најмоќните агенти во светот на фудбалот со клиенти како Златан Ибрахимовиќ, Пол
Погба, Џиџо Донарума, Матајс де Лихт и уште многу други звучни имиња.

Мино Рајола
можеби не беше омилен кај директорите и фановите, но неговите клиенти го
почитуваа и сакаа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×