Фудбалот е нешто повеќе од спорт: Фофана се заблагодари на големиот гест (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Лестер, Весли Фофана упати јавна благодарност до своите соиграчи, но и
синоќешните противници од Кристал Палас, најмногу до нивниот голман Винсенте
Гуалта кои се сложија за прекин на мечот во 35 минута за фудбалерите муслимани
да конзумираат храна и пијалок и да ги наполнат батериите за продолжението од
натпреварот.

Фофана продолжи
со настапот и ги одигра сите 90 минути, исто како и Чеикоу Кујате од Кристал
Палас, но стоперот на Лестер претходно играше се
до 61 минута во домашната победа од 3-0 против
ВБА, за што доби и пофалби од својот тренер Брендон Роџерс кој по мечот изјави
дека тоа што младиот стопер го сторил било неверојатно со оглед на околностите.

Правилата околу
рамаданскиот пост налагаат дека се дозволува да се конзумира храна и пијалок
непосредно по заоѓањето на сонцето, а се верува дека вчерашниот меч помеѓу
Лестер и Кристал Палас е првиот во историјата на Премиерлигата кој бил за
момент прекинат за да им се укаже прилика на фудбалерите да го искористат
моментот да конзумираат храна или пијалок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×