Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Охрид ги стартуваше подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Селекторот Александар Андов за дуелите против Андора и Азербејџан повика 19 фудбалерки, кои ќе се обидат да освојат бодови во продолжението од квалификацискиот циклус.
Македонските репрезентативки најпрво ќе гостуваат кај Андора на 5 јуни во Ла Вела, каде натпреварот е закажан со почеток во 19:30 часот. Четири дена подоцна, избраничките на Андов ќе ја пречекаат селекцијата на Азербејџан во Битола, а средбата ќе започне во 19:00 часот.
По четири одиграни натпревари во групата, Македонија има забележано една победа, и тоа токму против Андора. Нашата селекција двапати беше поразена од Унгарија, додека еднаш загуби и од Азербејџан.
ГОЛМАНКИ
Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје)
Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера
ОДБРАНА
Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера)
Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Канита Емини (ЖФК Истатов)
Настасија Накова (ЖФК Љуботен)
Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица)
Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)
Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција
СРЕДЕН РЕД
Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда)
Ева Величковска (ЖФК Љуботен)
Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих)
Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014)
Андреа Коловска (ЖФК Истастов)
НАПАД
Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед)
Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен)
Илза Максути (ЖФК Љуботен)