Фудбалерките со гол во финишот се радуваа против Андора

by Стефан
0 минути читање

Македонската женска фудбалска репрезентација забележа минимална победа над Андора од 1-0 во рамки на петтото коло од квалификациите за Светското првенство.

Нашите фудбалерки имаа контрола врз играта и беа поконкретни во нападот, но отпорот на Андора траеше сè до завршницата од натпреварот. Решавачкиот момент се случи во 86. минута, кога Павлина Николовска ја затресе противничката мрежа за три бода.

По пет одиграни кола, Македонија се наоѓа на третото место во групата 3 со освоени шест бодови. Пред нашата селекција се Азербејџан со девет и Унгарија со 13 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×