87
Женската фудбалска репрезентација на Македонија го освои првиот бод во новото издание на Лигата на нации, ремизирајќи 1-1 на гостувањето против селекцијата на Летонија, во натпревар од 4. коло.
Македонската селекција поведе рано во мечот, благодарение на погодокот на Симона Мејер во 16. минута, со што ја отвори надежта за прва победа во групата. Сепак, домаќинките возвратија во второто полувреме, кога Севцова ја затресе мрежата на Македонија во 65. минута, поставувајќи го конечниот резултат.
Со овој бод Македонија заврши како последна во групата, Летонија на првата позиција има седум, а Косово е пред нас со 6.