Ситуацијата во фудбалскиот клуб Вардар Неготино не е баш сјајна, па фудбалерите решија јавно да го изразат револтот.
Преку профилот на клубот на Фејсбук, фудбалерите побараа средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Тие посочија дека проблем се неисплатеите обврски за плати, а не открија за колку месеци станува збор.
„Ние играчите на ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО изразуваме револт поради неисплатени плати и го замолуваме јавно градоначалникот на Општина Неготино Д-р Горан Стојанов на прием во понеделник за дискусија.
Со овој повик сакаме да биде запозната јавноста во Неготино околу ситуација во клубот.
Ние како група која е секогаш тука за клубот и градот ги подржува фудбалерите и бара одговорност“, напишаа фудбалерите преку клупскиот профил
Вардар Неготино е на добар пат да опстане во ВМФЛ бидејќи има осум бода повеќе од 14. позиција на која се наоѓа Осогово.