Фудбалерите на Сенегал сакаат да освојат за селекторот кој се наоѓа под голем притисок

by
1 минути читање

Сенегал во 2019 играше во финале и загуби, а сега повторно ќе се бори за пехар. Тие и пред почетокот важеа за еден од главните фаворити.

Но, Сенегал многу неубедливо стигна до финалето, едвај го победија Зимбабве, а одиграа без голови против Гвинеја и Малави во групата Б. Тоа донесе до големи критики кон селекторот Сисе.

„Верувам дека овој човек, Алиу Сисе заслужува се бидејќи тој е најкритикуваниот тренер што сум го видел во мојот живот, но никогаш не се предава“, рече Мане.

„Тој верува во себе, верува во фудбалерите. Го критикуваат од надвор, но си ја врши работата“.

„Сакаме да го освоиме ова првенство за него и за нашата земја, бидејќи тој заслужува поради тоа низ што се поминувал и како играч на Сенегал и сега како селектор“.

„Тоа би била голема награда за се што тој даде за неговата земја“.

И голманот на Челси, Менди е полн со пофалби за својот тренер.

„Сме биле до тука и претходно, но селекторот има се што треба за да не донесе до тука. Тоа што го прави Сенегал посебен под негово водство мислам дека е тимскиот дух и тимската ангажираност“, вели Менди.

„Селекторот е Сенегалец како и нас. Кога зборува знае што точно зборува и тоа е голема предност за нас. Некој кој го одел истиот пат и како фудбалер“.

„Имаме уште еден важен чекор кој треба да го направиме и се надеваме дека ќе го направиме за Сенегал, за тренерот и се разбира за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×