995
Околу 400 навивачи на Рома беа присутни на натпреварот во Норвешка против Бодо/Глимт.
Фановите беа гневни и по последниот судиски свиреж протестираа и пееја навредливи песни кон своите фудбалери.
Играчите предводени од капитенот Пелегрини отидоа кон трибината кај што беа нивните фанови и им се извинуваа за поразот.
Технички ова не беше највисок пораз за Рома во Европа, имаат загубено и со 7-1, но можеби е најболен затоа што доаѓа од речиси анонимен противник.
Ова беше и првпат Жозе Мурињо да прими шест гола на еден натпревар.