Минатиот пат навивачите на Милвол направија скандал откако почнаа да свиркаат додека играчите клечеа во чест на борбата против расизмот.
Синоќа на мечот со КПР, фудбалерите решиле на друг начин да го направат тоа, да го покажат својот став кон расизмот.
Играчите од клубот добиле одврзани раце да се договорат како што тие сакаат. Па состанокот се одржал во соблекувалната. Било решено да не клечат, туку да излезат со посебен банер, против расизмот.
Па додека целиот тим на КПР бил клекнат, играчите на Милвол го направиле гестот со банерот против расизмот.
Овој пат фановите на Милвол ја научиле лекцијата, па им дадоа аплауз на своите фудбалери и на играчите на КПР додека ја истакнувале својата борба за еднаквост.