Фудбалерите на Јунајтед се чудат како Мегваер е стартер, деновите на најскапиот дефанзивец се одбројани?!

by
1 минути читање

Англичанецот
стана најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот откако Манчестер јунајтед на
Лестер му плати 80 милиони фунти во 2019. Хари Мегваер потоа на стартот од 2020
стана и капитен на „ѓаволите“ и веќе има одиграно 135 натпревари за клубот од
Олд Трафорд.

Но тој често киксира,
па фудбалерите на Манчестер јунајтед се чудат како Хари Мегваер продолжува да
биде стартер.

Во приватни
разговори, играчите приговараат за игрите на Хари Мегваер и сметаат дека неговoто
ниво не ги задоволува стандардите за клуб каков што е Манчестер јунајтед.

Исто така се
говори дека голем број на фудбалери се вознемирени поради тоа што Хари Мегваер
го вперил прстот во нив и ги обвинил за грешки, сметаат дека ова не е фер
бидејќи и самиот тој премногу греши.

Дејли Мејл пак
пишува дека Манчестер јунајтед решил да ангажира нов дефанзивец од светска
класа, кој ќе биде партнер на Рафаел Варан, па деновите на Хари Мегваер
веројатно се одбројани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×