177
Освојувањето на
Европското првенство ќе им донесе богата премија од по 250,000 евра за секој
репрезентативец од составот на Италија, која во големото финале од турнирот беше
подобра од Англија на пенали.
Договорот во
куќата на фудбалот на Италија падна откако Италија доби 99 милиони евра за
нивното учество на европскиот турнир.
„Газета дело
Спорт“ веќе извести дека фудбалерите на Англија добиле бонус од по 200,000 евра
за тоа што завршија на второто место.
Интересен е
фактот што „Аѕурите“ сега ќе поделат идентична премија како онаа по освоеното
Светско првенство во 2006 година.