Фудбалерите на Челси добро ќе се офајдат доколку ја освојат ЛШ

by
1 минути читање

Челси го
елиминираше Реал Мадрид и се пласираше во големото финале од Лигата на
шампионите каде за противник ќе го има Манчестер Сити, кого веќе го победи во
последниот меѓусебен дуел, минимално во полуфиналето од ФА купот.

Фудбалерите на
клубот од Лондон ќе поделат бонус од фантастични 11 милиони фунти доколку
успеат да ја освојат титулата во Лигата на шампионите и ФА купот.

Избраниците на
Томас Тухел веќе поделија бонус од пет милиони фунти за самиот пласман во
финалето од Лигата на шампионите предвидено за 29 мај во Истанбул, што за
клубот од Лондон е трето во клупската историја.

Во спротивно,
Челси ќе им подели на своите фудбалери бонус од еден милион фунти доколку успеат
да го совладаат Лестер во финалето од ФА купот предвидено да се одигра на 15 мај.

Што се однесува
пак до начинот на кој се распределуваат бонусите во Челси, истите се делат
еднакво помеѓу фудбалерите, во однос на составот кој настапил на предвидениот
натпревар, со тоа што секој фудбалер би можел да заработи околу 500,000 фунти
при евентуална титула во Лигата на шампионите.

Меѓу другото,
противникот на Челси во финалето од Лигата на шампионите, Манчестер Сити ќе им
подели на своите фудбалери бонус од 15 милиони фунти доколку избраниците на Пеп
Гвардиола ја освојат европската титула.

Се верува дека
најскапо платените фудбалери на Манчестер Сити, како на пример Кевин Де Брујне,
имаат бонус во висина од еден милион фунти како клаузули впишани во нивните
договори при евентуална титула во Лигата на шампионите, а за останатите сумата
би се движела од околу 600,000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×