Таквата ситуација ги става играчите во дилема, дали да бидат патриоти и да играат за клуб кој не настапува во Суперлигата или да одат по парите и славата и да играат за некој од гигантите.
Дел од репрезентациите би биле значително ослабени. Замислете ја Франција без Гризман, Жиру, Погба, Сисоко, Канте, Варан, Лорис…, Шпанија без Де Хеа, Рамос, Алба, Бускетс, Мората… Англија без Вокер, Мегваер, Стоус, Шо, Фоден, Маунт, Кејн, Стерлинг…
Парите во таа лига ќе бидат толку големи што се чини дека и ќе нема фудбалери кои би одбрале да играат за националната селекција и да одбијат астрономска понуда од некој од гигантите.
Останува дилемата и дали УЕФА уште од ова Европско првенство ќе реши да го забрани настапот на фудбалерите кои ќе бидат дел од Суперлигата.
Војната е почната, ќе следиме како таа ќе се развива.