Фудбалерите и ракометарите заедно ќе слават титула во Градски парк!

by 24 фудбал
0 минути читање

Вардар в сабота ќе стави точка на сезоната во ПМФЛ со дерби против Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, а токму против директниот ривал за титулата „црвено црните“ ќе ја заокружат успешната сезона пред своите навивачи.

По завршувањето на средбата, славјето се сели во Градски парк каде што е организирана голема прослава за успесите на фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар.

Настанот ќе се одржи на „Школка“ со почеток од 20:00 часот, а најавена е богата програма со музика во живо, храна, пијалоци и забава за сите навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×